Што всушност прави Proactive®?
Пробиотичките организми како активни состојки во ткаенината Proactive® ги неутрализираат несаканите и непријатните мириси во спалната.
Антибактериските производи ги убиваат бактериите, но со тоа нивната отпорност уште повеќе се зголемува. Постојано постоела потреба од позитивен, природен и биолошки прифатлив пристап.
Proactive® е концепт кој значи „за живот“, а не против него, и кој не е штетен ниту за луѓето, ниту за флората и фауната. На Proactive® текстилот, лошите бактерии и габите не можат да растат ниту да се размножуваат – со тоа се елиминираат непријатните мириси и алергиските ефекти предизвикани од домашна прашина и грини.
Овој текстил е клинички тестиран во Лијеж и претставува медицински најефикасниот текстил во светот, кој денес е достапен и за Вас преку душекот Active.
Proactive® ткаенина – последен збор на технологијата
Proactive® е врвна технологија за борба против несаканите ефекти на штетните микроорганизми. Во комбинација со специјално дизајнираното јадро, добивме душек кој претставува средина за здрав и мирен сон.
Со душекот Active – кажете збогум на грижите.
*Пробиотиците се микроорганизми кои во нормални количини имаат позитивно дејство врз здравјето на човекот.
Придобивки:
-
Алергиите и болестите поврзани со нив се еден од големите проблеми на денешницата. Затоа е создаден револуционерен производ кој им го олеснува животот на алергичарите и астматичарите, а на сите останати им овозможува да спијат во здрави и хигиенски услови.
-
Начинот на кој функционира Proactive® е траен и 100% природен процес.
-
Proactive® ја води вистинската битка против алергените – ги елиминира негативните последици, а не ги уништува корисните микроорганизми.
-
Пробиотичките микроорганизми ја апсорбираат влагата во околината за спиење и ги разградуваат сите хранливи материи во ткаенината. Со тоа се создава средина неповолна за грижите, кои инаку предизвикуваат алергии, а воедно им се намалуваат изворите на храна.
-
Пробиотиците ги неутрализираат алергените предизвикани од грижите.
Видео презентација на производот: www.youtube.com/watch?v=lcIHSpmWHX8&t=1s