Кои сме ние
“Вардар Мебел” е фирма чие основно мото е: Квалитет, Стил, Селекција, Сервис. Тоа се четирите темели на нашиот бизнис модел на кои се базира секоја наша одлука и водечки принцип кон една единствена цел: ВИЕ.
Постоиме веќе 34 години како препознатлив лидер во трговијата со мебел во земјата. Нашите признанија и дипломи се резултат на Вашата доверба како задоволни потрошувачи.