Плакар за спална соба од престижната колекција INVICTUS со четири врати со огледала и четири фиоки, со складни и меки форми на фронтовите.
Вратите на елементот се во кашмир боја со огледало и апликација од профилиран медијапан во декор на дрво Tobacco даб.
Фронтовите на фиоките се изработени од профилиран медијапан во декор на дрво Tobacco даб и мат кашмир боја.
Внатрешните делови на корпуст се во топол декор на текстил.
Soft-close шарки и soft-close водилки со успорувач овозможуваат тивко затворање на вратите и фиоките, што дава дополнителна удобност при секојдневна употреба.
Естетскиот изглед на плакарот е дополнет со странични и тавански лајсни со дебелина од 25mm и вградено осветлување.
Декоративните лајсни, четири LED светла и LED напојување се вклучени во цената на производот.
Со помош на достапната дополнителна опрема, ви се нуди можност да ја прилагодите внатрешноста на плакарот според вашите потреби.