, , ,

Релакс фотеља Канкон

17.900,00 ден

Комфорна релакс фотеља со дизајн кој потсетува на канцелариска столица. Оваа фотеља е внимателно тапацирана, достапна во темно сива боја, овозможувајќи и лесно да се вклопи во различни ентериери и да понуди место за одмор во моменти кога сакате да се опуштите.

Една од главните одлики на оваа фотеља е двојниот слој на тапацир, кој го обвива целото седење и потпирачот за грб, обезбедувајќи меко и пријатно искуство при седење. Дополнително, фотељата има функција на ротирање од 360°, овозможувајќи ви да ја смените насоката на седење без да ја поместувате фотелјата – идеално за простории каде што е потребна флексибилност, како дневни соби, домашни канцеларии или спални.

Внатрешноста на фотељата е детално дизајнирана за да обезбеди максимален комфор. Исполнета е со четири различни слоеви на пена, секој со специфични својства. Првите два слоја се со дебелина од 1.5 см и густина од 24 kg/m³, нудејќи мека, но стабилна подлога.

Следи подебел слој од 9 см со густина од 35 kg/m³, кој обезбедува основна поддршка за удобно седење и при подолготрајна употреба. Последниот слој е уште еден слој пена од 1.5 см со густина од 28 kg/m³, кој додава завршен допир на мекост што ја прави фотелјата навистина удобна. Овие слоеви заедно овозможуваат врвно искуство при седење.

Основата на фотељата е изработена од метални цевки со димензии 7×8 см и дебелина од 1.5 мм. Целата конструкција е обложена со црн прашкаст премаз, кој не само што и дава модерен изглед туку и обезбедува заштита од надворешни влијанија. Максималната носивост на фотељата е 120 кг.

Без разлика дали сакате да создадете пријатен агол за читање, стилска lounge-зона или едностано ви е потребна удобна фотелја за одмор по напорен ден, оваа фотеља е одличен избор кој ветува удобност и стил.

Kaрактеристики:

  • Боја: сива;
  • Механизам: ротирачка;
  • Ногарки: метални.

Вие исто така би сакале…

Потрошувачка Кошничка
Релакс фотеља КанконРелакс фотеља Канкон
17.900,00 ден
Scroll to Top