Опис
Перница Olivoil Мемори
- Антиалергиска перница врз база на мемори пена која идеално се адаптира на Вашиот врат
- Навлака со Olivoil® третман со микрокапсули на маслиново масло
- 3Д пропустлива трака за подобра циркулација на воздухот
- Надворешна навлака со патент, перлива на 40°C
- Практично пакување во кутија со рачка за носење
Перницата Olivoil Мемори е анатомска перница произведена од термоактивна мемори пена и практична перлива навлака за секојдневна употреба. Внатрешноста на оваа перница се приспособува на обликот на Вашата глава и врат, и е препорачана за лица кои сакаат пониско спиење. Мемори пената е профилирана со воздушни каналчиња кои овозможуваат циркулација на воздухот и го спречуваат прекумерното потење.
Антиалергиската перлива навлака е третирана со Olivoil®, односно микрокапсули на маслиново масло и е збогатена со 3Д пропустлива трака која го олеснува циркулирањето на воздух и го намалува задржувањето на влага во внатрешноста на перницата.