Опис
Перница Proactive Memory
- Антиалергиска анатомска перница со Actipro® пробиотичка микрофлора во навлаката
- Перница од мемори пена со две нивоа на висина, прилагодлива на главата и вратот
- 3Д пропустлива трака за подобра циркулација на воздухот
- Надворешна навлака со патент, перлива на 40°C
- Практично пакување во кутија со рачка за носење
Перницата Proactive Memory е анатомска перница изработена од термоактивна мемори пена која се прилагодува на индивидуалните контури на телото и гарантира исклучителна удобност и опуштеност. Перницата е анатомски обликувана, со што обезбедува сигурна потпора на Вашите глава, врат, рамења и ‘рбет. Перницата е погодна за сите возрасти, а особено за оние лица со болки во вратот или ‘рбетот, како и за оние лица кои преферираат пониски перници.
Антиалергиското својство е додатна вредност на оваа перница, изразена преку навлаката која благодарение на најсовреметниот третман Actipro® активно се бори со несаканите грини и спречува нивно понатамошно разможување во перницата. На самата навлака се наоѓа и 3Д пропустлива трака која го олеснува циркулирањето на воздухот.