fbpx

Јорган MS Woolly

6.900,00 ден9.100,00 ден

Природен, биоразградлив и обновлив материјал кој не само што овозможува терморегулациска изолација во топли или ладни услови туку  ја регулира и влажноста  на воздухот создавајќи совршени услови за спиење.Волната користена за полнење на производите од MojSan Woolly колекцијата е сертифицирана од страна на WOOLMARK company како глобален авторитет на полето на креирање на производи со волна за користење во системите за спиење.
PURE NEW WOOL by WOOLMARK Company
Чиста нова волна подразбира руно од овца или јагне кое претходно не е:
  • предено
  • обработувано
  • вградувано во други готови производи
The Woolmark Company е подружница на компанијата Australian Wool Innovation (AWI), организација која спроведува истражувања, развој и маркетинг низ светски ланец за снабдување со Австралиска волна .
WOLMARK Pure New Wool  логото  е еден од глобално најпрепознатливите симболи во текстилната индустрија кој укажува на тоа дека производот е изработен од 100% чиста нова волна. Производите лиценцирани со овој знак  ги задоволуваат строгите стандарди и овозможуваат и им гарантираат квалитет на корисниците на производите. Логото  Woolmark е сопственост на компанијата  The Woolmark Company.
WOOLMARK брендот се користи за сертифицирање на производи во врска со составот на влакната, намената за која се користат, перформансите при користењето и одржувањето како би се задоволиле очекувањата на корисникот од самиот производ.
WOOLMARK логото е дизајниран од страна на италијанскиот дизајнер Franceskо Saroglia  во 1964 година и од тогаш се користи во преку 100 држави во светот. До сега преку 5 милијарди производи се произведени со оваа етикета.
Според истражувањата од страна на AWI, компанијата која е сопственик на WOOLMARK симболот, половина од оние на кој им е познат овој симбол ја знаат и неговата намена.
Производите на база на волна се поотпорни на валкање и се едноставни за одржување. Волната има способност за впивање на влага до 33% од сопствената тежина во сува состојба, без притоа да дава чувство на влажност. Може да се пере ако е наведено во упатството.
Волната е многу издржлив, постојан и долговечен материјал кој го задржува својот првобитен облик.
MojSan Woolly колекцијата на производи во основа има врвна WOOLMARK чиста нова волна која гарантира совршени услови за спијачите кои преферираат 100% природен амбиент за спиење.
SKU: Не е достапно Категорија Ознаки: ,

Опис

  • Јорганот MojSаn Woolly, е идеален температурен регулатор на Вашиот амбиент за спиење. Oригинален , единствен производ со структура од исклучиво природни материјали и е дел од ПРЕМИУМ понудата на MojSan јорганите.
    Предности и карактеристики на јорганот MojSan Woolly:
    • единствен производ на пазарот со врвна завршна изработка
    • структура од 100% природни материјали
    • идеален температурен регулатор
    • навака изработена ов памучни влакна
    • полнет со најфина чиста WOOLMARK волна за врвно чувство при спиењето
    • практичен, лесен и лесно се одржува
    • достапен во димензии: SINGLE 200x140cm i DOUBLE 200x200cm.
    Јорганот е изработен од надворешна памучна ткаенина и е со полнење од природна WOOLMARK волна, ранмномерно проштепана  и поврзана со надворешното платно со цел долготрајно  да се задржат првобитните карактеристики, односно да се спречи збивањето на платното и да се постигне максимална удобност при спиењето.
    Јорганот спаѓа во премиум производите МојСан, а со оглед на тоа дека волната е совршен терморегулатор, производот може да се користи преку целата година. Практичен е, лесен и се одржува многу лесно. Совршен додаток на Перницата MojSan Wolly кој во Вашата спална соба го внесува духот на природата.
    PURE NEW WOOL by WOOLMARK Company  Логото е еден од глобално најпрепознатливите симболи во текстилната индустрија кој укажува на тоа дека производот е изработен од 100% чиста нова волна.

Дополнителни информации

Димензија:

200×140, 200×200

Scroll to Top