Опис
7-зонско јадро, затоа што мислиме на Вашиот ‘рбет!
Душекот Prestige припаѓа во самиот врв на понудата на душеци на Moj San. Јадрото на душекот е ергономски обликувано со мултипокет џебно јадро кое овозможува идеална анатомска потпора на Вашето тело при лежење. Ергономското јадро на душекот е обложено со плочи од висококвалитетна ХР пена, а самиот душек е надополнет со исклучително квалитетна навлака со карбонски влакна која Ве ослободува од статичкиот електрицитет. Внатрешноста на душекот е заштитена од влага преку зголемена циркулација на воздух во самиот душек поради профилираноста на ХР пените, додатно обезбедена проветреност преку пропустлива трака поставена на страничната навлака на душекот.
За оние кои бараат висококвалитетни душеци, душекот Prestige е одличен избор и еден од најдобрите модели на душеци во широкиот асортиман на Moj San. Душекот е со вкупна висина од 25 цм, препорачан за лица со телесна тежина до 100 кг.
- Intese® антиалергиска навлакa
- Закопчување со патент
- Волнена вата 250 г/ м2
- ПЕС вата 250 г/ м2
- Ретекс
- Внатрешна навлака
- ХР пена ХР4035
- ПУ пена ПН3540
- Мек филц 1000 г/ м2
- 7 зонско multipocket џебчесто јадро
- 3Д лента за вентилација