Опис
Правилна ортопедска положба на ‘рбетот!
Комбинирајќи два вида на ПУ пена со различна тврдост креиран е душекот Ortopedico, кој со својата структура ги задоволува сите критериуми по кои еден душек може да се нарече ортопедски, со основна функција на поставување на Вашето тело во правилна анатомска положба во текот на спиењето. Страната на душекот на која е препорачано да се спие е со профилирана структура на јадрото, има антидекубитално својство и е практичен за користење во комбинација со подвижен латофлекс каде има потреба од кревање на делот каде е поставена главата или нозете. Се препорачува за лица кои повеќе време поминуваат во кревет, а одржувањето на истиот е овозможено преку перлива навлака која е збогатена со антиалергиски третман. Вкупната висина на душекот Ortopedico е 18 цм.
- Tencel® антиалергиска навлака
- Закопчување со патент
- ПЕС вата 400 г/м2
- Ретекс
- ПУ пена ПН3540 профилирана
- ПУ пена ПТ3044