Опис
Комбинација на практичност и удобност
Земајќи ја во предвид популарноста на мемори пената во индустријата за производство на душеци, креиран е душекот Memory Roll 3+12, како одговор на барањето на празарот за достапен и функционален душек. Душекот е практичен од аспект на роловано пакување на истиот, комбинација на квалитетна потпора на телото која ја нуди ПУ пената со нормална тврдост и удобноста на мемори пената. Навлаката на душекот е третирана со антиалергиски третман за долготрајно елиминирање на грините и бактериите од душекот. Високо квалитетна навлака која се вади и пере антиалергиски својства изработена од ткаенина која ги задоволува Oeko – tex стандардите. Вкупната висина на душекот е 18 цм.
- Висококвалитетна антиалергиска навлака
- Патент затворач
- ПЕС вата 400 г/м2
- Ретекс
- Мемори пена ВА5015
- ПУ пена ПН2534